ПОВТОРНО ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Полицијата ги заврши проверките во 30 скопски училишта
Веднаш по добиените пријави, од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности.
Дојавите за поставени бомби во 30 училишта во Скопје, информираат од МВР по завршените проверки.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека веднаш по добиените пријави, од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.