Повторно кружи одвратната снимка: Ја зграпчи Скарлет Јохансон за градите ВИДЕО

1,362

Невообичаени ситуации се случуваат речиси секоја година на црвениот тепих, а љубителите на доделувањето на наградата „Златен глобус“ добро ја паметат ситуацијата кога во 2006 година славниот дизајнер и водител, Ајзак Мизрахи (59) ја фати познатата актерка Скарлет Јохансон (36) за гради, во директен телевизиски пренос.

„Ух, ух, токму тоа го сакам“, рече водителот, и продолжи да извикува: „Ѝ ги допрев градите на Скарлет…“






Збунето смеејќи се, актерката во тоа момент само рече: „Еј, што се случува тука“. Но, ова не е првпат Ајзак да се однесува крајно непрофесионално и дегутантно, а снимките од овој настан сега повторно кружат на социјалните мрежи.

На актерката Тери Хачер, која гледачите најмногу ја паметат по главната улога во популарната серија „Очајни домаќинки“, ѝ го турна прстот во деколтето за да провери дали има скриени парчиња хартија на кои е напишан говорот. Жртва е и актерката Ева Лонгорија (45), која ја праша дали е „избричена долу“.

И Сара Џесика Паркер (55) исто така доживеа непријатно искуство кога ја праша колку вистинска коса има, а актерката Марсиа Крос (58) исто така беше мета, која ја праша: „Знаете ли кој сака девојки со црвена коса? Моето куче!’.

Бројни коментатори на социјалните мрежи напишаа дека треба да му се забрани да се појавува на телевизија бидејќи, како што пишуваат, тој со години ги понижувал жените.

– Тоа што е ​​хомосексуалец, не му дава за право да ги допира жените. Одвратно – ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Поврзани содржини