Повторно измерени -47 степени Целзиусови во Јактуија

Јакутија е најголема руска автономна република според територија, а ја зазема целата територија на источен Сибир и се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.

252

Во рускиот регион Јакутија, област што се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурата повторно достигна екстремни минус 47 степени Целзиусови, пишуваат руските медиуми.

Јакутија е најголема руска автономна република според територија, а ја зазема целата територија на источен Сибир и се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.






Повеќе од 40 проценти од територијата на оваа републиката се наоѓаат зад Арктичкиот круг.

Вкупната површина на арктичката област на републиката е речиси 1,6 милиона квадратни километри, што претставува околу 52 проценти од нејзината територија.

Поврзани содржини