ПОВТОРНО ХОРОР ВО ГОСТИВАР Го избодел колегата на работно место

На нападот му претходела расправија, а напаѓачот е упасен.

506

Повреден е маж од Гостивар откако колегата го прободел со остар предмет на работното место.

Во Полициската станица Гостивар вчера во 13.30 часот е задржан А.А.(31) од Гостивар. Се сомничи дека околу 12:00 часот во фирма во село во Мавровско, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на неговиот колега Е.З.(38) од Гостивар, кој е пренесен во болницата „Ферид Мурад“.






Полицијата по целосно документирање на случајот против него ќе поднесе соодветна пријава.

Претходно во Гостивар момче на 28-годишна возраст беше застрелано со огнено оружје, а од повредите почина.

Поврзани содржини