Попладнево нов пожар изби кај тетовско Желино, во атарот на селото Церово.
.
– На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Моментно на терен активно дејствуваат авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот – информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
На 19 јули планината Жеден кај Желино ја зафати силен пожар, а огнот се спушти и до автопатот Скопје-Тетово. Борбата со огнената стихија траеше неколку дена.