Повторно голем број пациенти се лекуваат во ковид-центрите низ земјава

Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

377

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 300 празни болнички кревети. Во Скопје вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели, информира министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа  во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.013 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.






Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 132 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 40, Кавадарци 67, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири нови болни и двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има девет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 38 болни.

Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и до утрово имало 74 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани содржини