ПОВТОРНО ГО УАПСИЈА СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ Сакал да ја премине границата од Србија кон Хрватска
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ бил уапсен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска. Тој во текот на денот ќе биде донесен во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде што го чека ново судење.
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вечерва околу полноќ е уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија кон Хрватска.
Како што наведува Слободна Далмација, полицијата утринава веднаш од границата го спровела во Сплит.
Трифуновиќ бил уапсен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска. Тој во текот на денот ќе биде донесен во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде што го чека ново судење.
За потсетување, тој пред речиси една година беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и поради држење куче без надзор.
Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за држење куче без надзор.
Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради прекршокот што наводно го направил Трифуновиќ, може да му се изрече парична казна до 4.000 евра за навреда на службено лице и до 1.000 евра за држење куче без надзор.
На Трифуновиќ му била изречена забрана за влез во земјите на ЕУ во времетраење од 1 година.