ПОВТОРНО Е ОШТЕТЕН МОСТОТ КАЈ ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО ОЧИПАЛА Сообраќајот по него се одвива по една лента
Мостот на магистралата кај село Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето.
Поради оштетувања на мост и за побезбеден сообраќај, едната лента од магистралата Делчево – Македонска Каменица кај село Очипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево.
Од подружницата апелираат возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец.
Мостот на магистралата кај село Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од истиот беше саниран, но поради оштетувањата за целосна санација на истиот ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и можните решенија за трајно решавање на овој проблем.