ПОВТОРНО ЌЕ ИМА ОФТАЛМОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА Пациентите ќе бидат повикувани според редослед на чекање
Клиничка болница Тетово информираше дека повторно ќе може да се изведуваат офталмолошките интервенции откако имаше пауза за поправка на дефект на еден од апаратите. Воедно информираат дека пациентите ќе бидат повикувани според редослед на чекање.
„По пауза од неколку месеци, поради поправка на дефектот на апаратот за факоемулзификација, набавка на нов микроскоп и обезбедување на потребните материјали за привремени интервенции за катаракта (перде), денеска офталмолошката сала повторно започна со работа и доби нова живост“, соопшти Клиничка болница Тетово на својата интернет страница.
Од таму со молба до пациентите за трпение, бидејќи ќе бидат повикувани за интервенција според редоследот на чекање.