Повторно двоцифрена бројка починати од ковид-19 во земјава
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата, наведено е таму, изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5. Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8-ми Септември“ починати се пет лица на возраст 79, 76, 82, 61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата, наведено е таму, изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.
„Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со PCR метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8-ми Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.