ДРАМА ВО АВИОН НА „БОИНГ“ Патник загина, а 30 се повредени во турбуленции на летот Лондон-Сингапур
Како резултат на инцидентот, во авионот загина 73-годишен Британец, соопшти директорот на аеродромот во Бангкок. Патникот Ендрју Дејвис ја опишал смртта на постариот маж кој бил со неговата сопруга. Британецот починал, иако му била укажана прва помош, а други патници се обиделе да го реанимираат со Це-Пе-Ер и вештачко дишење. Се претпоставува дека доживеал срцев удар и не умрел од траума од ударот. Меѓу жртвите е и неговата сопруга, таа е примена во болница.
Еден патник загина, а 30 други се повредени откако екстремни турбуленции го потресоа авионот Боинг и ги принудија пилотите да слетаат итно по 11-часовен лет, објавија западните медиуми.
Летот на SQ321 на „Singapore Airlines“, управуван од Боинг 777-300ER, полета од Лондон до Сингапур доцна во понеделникот со 211 патници и 18 членови на екипажот, но принудно слета во Тајланд откако наиде на силни турбуленции. Во моментов има екстремни тропски грмотевици во регионот.
По околу 11 часа во воздух авионот почнал да паѓа за околу 1.800 метри за само 5 минути, предизвикувајќи хаос во авионот.
На снимката се гледа дека е оштетен трупот на авионот, воздушните маски се спуштени, багажот и ѓубрето се расфрлани на земјата, а некои табли висат надолу.
Како резултат на инцидентот, во авионот загина 73-годишен Британец, соопшти директорот на аеродромот во Бангкок. Патникот Ендрју Дејвис ја опишал смртта на постариот маж кој бил со неговата сопруга. Британецот починал, иако му била укажана прва помош, а други патници се обиделе да го реанимираат со Це-Пе-Ер и вештачко дишење. Се претпоставува дека доживеал срцев удар и не умрел од траума од ударот. Меѓу жртвите е и неговата сопруга, таа е примена во болница.
Седум лица се во критична состојба по тешките турбуленции. Повредени се 30 лица.
Ненадејното паѓање на авионот ги фрли луѓето од нивните седишта во воздух, а оние без појас претрпеа ужасни повреди, вклучително и „расцепи на главата и раскрвавени уши“.
– Се вклучи знакот за појасот, веднаш се свиткав, а потоа авионот само се спушти – рекол патник. Еден член на кабинскиот екипаж му рекол дека ова е најлошиот лет во неговата 30-годишна кариера.
Иако инцидентот се должи на силни турбуленции, а не на технички дефект, ова е уште еден скандал со името на американскиот производител на авиони Боинг.
„Singapore Airlines“ користеше 16-годишен модел 777 за своите летови. Машините на компанијата се под строга контрола поради десетици несреќи во изминатите 6 месеци кои досега завршија без жртви. Боинг објави дека се подготвени да ја поддржат сингапурската авиокомпанија.