ПОВТОРНО ДОЈАВИТЕ СЕ ЛАЖНИ Од МВР потврдија дека нема експлозивни направи во училишта во Скопје, Куманово и во струшко

Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

50

Вечерва МВР соопшти дека пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, Куманово и струшко се лажни.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – се вели во соопштението.






Оттаму додаваа дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Поврзани содржини