Повторна дезинфекција на влезовите во Општина Карпош

Според нив, фокусот е ставен на дезинфекција на деловите кои граѓаните почесто ги допираат со рака, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

536

Општина Карпош продолжува со дезинфекција на сите згради, со повеќе од осум домаќинства. Откако, минатата недела се спроведе првата акција за дезинфекција на повеќе од 1.000 влезови на територија на Карпош, од денеска, продолжуваат со ист интензитет.

– Комуналните служби ги дезинфицираат влезните врати и делови од згради, гелендерот и сандачињата, а се користи посебно средство за дезинфекција на јавни површини – велат од Општината.






Според нив, фокусот е ставен на дезинфекција на деловите кои граѓаните почесто ги допираат со рака, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

– Исто така, ги повикуваме сите заедници на сопственици, куќни совети да продолжат со секојдневното одржување на хигиената во влезот. По консултации со Центарот за јавно здравје, улога на дезинфекција вршат и хигиенските средства со кои се одржува чистота во нормални услови (сјај, варакина и сл.) – се вели во соопштението.

Поврзани содржини