ПОВРЕДИТЕ НА ИГРАЧИТЕ ГО ДИКТИРААТ СОСТАВОТ Селекторот го објави списокот на репрезентацијата

Евидентно е дека тој се соочува со доста проблеми поради повреди на играчи од средниот ред, па ќе мора да импровизира.

185

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани играчи за ноемвриските натпревари во квалификациите за Светското првенство.

Евидентно е дека тој се соочува со доста проблеми поради повреди на играчи од средниот ред, па ќе мора да импровизира. Тој нагласи дека Македонија ќе се бори до самиот крај, најави борба во Ереван, а се осврна и на повредените играчи.






– Од дуелот со Ерменија можеме да очекуваме многу, момците ќе дадат сè од себе. Одиме како секој натпревар до сега, да се надигруваме и победиме. Сакам тоа што го работиме да го покажеме на теренот. Македонија игра исто без разлика на противникот, оди на победа. Веќе претходно ни недостигаа Адеми и Барди. Под знак прашалник се Спировски и Костадинов, но ќе имаме јасна слика пред дуелите. Илиев направи операција и го чека заздравување – порача селекторот.

Селкцијата ќе се собере во Скопје, ќе одработи мини-подготовки и потоа ќе отпатува за Ерменија за првиот натпревар во ноемврискиот циклус. Завршниот дуел од квалификациите е закажан за 14 ноември, кога на Арената „Тодор Проески“ ќе гостува Исланд.

Поврзани содржини