ПОВРЕДИ КАКВИ ШТО СЕ ДОБИВААТ САМО ПРИ ЗЕМЈОТРЕС Повредените во Нови Сад се во тешка состојба, загрозени се од внатрешни крварења

Лекарите даваат сè од себе да ги спасат животите на повредените пациенти од несреќата во Нови Сад, од кои тројца се во тешка, нестабилна состојба, вели директорката на Клиничкиот центар Војводина.

333

Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад сè уште се во тешка состојба, а лекарите даваат сè од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар Војводина.

– Пациентите сè уште се во многу тешка состојба, сè уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивните животи, а дијагностиката е постојано во тек – рече Туркулов за Танјуг.






Таа додаде дека над пациентите се спроведува 24-часовен мониторинг. Се работи за пациенти што лежат и кои сè уште се на апарати за вештачко дишење.

– Кога велам дијагностика, мислам пред сè на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно, рече Туркулов.

Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси.

– Крварењето и внатрешните модринки на сите ткива и органи – тоа е она што најмногу ги загрозува. Не надворешни трауми, туку тие повреди – рече директорката на Клиничкиот центар Војводина.

Клиничкиот центар не се занимава со прогнози, додаде таа, затоа што е неблагодарно, бидејќи сите се животно загрозени.

Во петокот се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, а повеќе се повредени.

Поврзани содржини