ПОВРЕДЕНО МИ Е ПРАВОТО НА ОДБРАНА Божиновски вели дека судот одбил супервештачење во „Талир 2“

Судот не го прифати предлогот на одбраната за донесување наредба за спроведување на супер вештачење при постоење на спротивставени вештачења на ОЈО и на одбраната. Ова преставува повреда на еднаквоста на оружјата, истакна Божиновски.

287

Второобвинетот во случајот „Талир 2” Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, упати критики до Основниот Кривичниот суд – Скопје дека во тек на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права.

– Судот стори повреда на правото на мојата одбрана со тоа што прифати како доказ да биде изведено вештачење од Обвинителството кое е изготвено без знаење и учество на одбраната – рече обвинетиот Божиновски.






Воедно, тој истакна дека ова вештачење е реализирано спротивно на законските прописи кои предвидуваат дека странките преку технички советници имаат право да учествуваат во собирањето на доказите и реализирање на вештачењата.

– Судот не го прифати предлогот на одбраната за донесување наредба за спроведување на супер вештачење при постоење на спротивставени вештачења на ОЈО и на одбраната. Ова преставува повреда на еднаквоста на оружјата – истакна Божиновски.

Меѓудругото тој негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со изведените докази од Обвинителството тој посочи дека не поткрепено обвинението.

Поврзани содржини