ПОВРЕДЕНИТЕ ВО „ИСТ ГЕЈТ“ СЕ РЕЛАТИВНО СТАБИЛНИ Лекарите будно ја следат состојбата на Штекли и на неговиот познаник

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукало кон двете лица во „Ист гејт мол“. Ги повикува сите граѓани доколку го забележат или имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

142

Двајцата повредени при вчерашното пукање во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“, се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Информацијата за МИА ја потврдија директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.

Арсенков во изјава за МИА рече дека едниот пациент е во релативно стабилна состојба, сѐ уште е на апарати, утре ќе следува нова интервенција, поради карактерот на повредите, примарни настанати, мора да се направи уште една операција.






– Пациентот е во релативно стабилна состојба по операциите. Сместен е на интензивна нега и сè уште е на апарати. Состојбата е стабилизирана, но сè уште е во животна опасност. Се работи за 24-годишно момче кај кое, најверојатно, ќе треба уште една операција – вели Арсенков.

Јакупи информира дека Раде Трајковски – Штекли е во стабилна состојба, на спонтатно дишење е, има стабилни витални параметри.

– Очекуваме така да продолжи. Се следи неговата состојба, откако врз него беше извршена интервенција на левото белодробно крило, кое е извадено, и третман на прострелна рана на десното рамо – нагласи Јакупи.

Две лица беа повредени, откако врз нив се пукало вчера попладне во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“.

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукало кон двете лица во „Ист гејт мол“. Ги повикува сите граѓани доколку го забележат или имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

И ШТЕКЛИ И ПОЛИЦИЈАТА МОЖЕЛЕ ДА ЗНААТ ДЕКА ОВА ЌЕ СЕ СЛУЧИ Страшно е што криминалните банди се пресметуваат среде бел ден на јавно место

Поврзани содржини