ПОВРЕДЕНИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОД ОПСЕРВАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА Ќе им се следи состојбата во следните два-три месеци
Повредените ќе бидат под опсервација на Клиниката во случај да не пропушти нешто.
Сите повредени од пожарот во Кочани кои биле хоспитализирани и испишани од Клиниката за токсикологија во наредните два-три месеци ќе бидат под опсервација, изјави денеска директорот на Клиниката, Андон Чибишев.
Тој рече дека и 19-годишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката „Пулс“, а беше примен на Клиниката за токсикологија заради белодробни потешкотии, односно експозиција или вдишување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид, од вчера е пуштен на домашно лекување.
– Јован е во одлична состојба. Добро ја прифати терапијата и е во подобрена општа клиничка состојба. Си отиде дома нашиот херој – рече Чибишев.
Препорачано е во наредните седум дена Јован да направи уште една контрола. Повредените ќе бидат под опсервација на Клиниката во случај да не пропушти нешто.
Младиот Јован денеска во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од пречекот беше споделено на Фејсбук. Веста ја објави и министерот за здравство Арбен Таравари на својата Фејсбук страница.