ПОВРЕДЕНИ ТРОЈЦА ФРАНЦУЗИ Со автомобилот излетале од патот кај Кравари

219

Тројца Французи се повредени откако возилото им излетало од патот кај селото Кравари, Битолско, соопшти полицијата.

Како што соопшти МВР, на 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Грција, во селото Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од M.В.O.Ц.(22) од Франција, излетало од коловозот и удрило во столб.






Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Поврзани содржини