ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ПРЕПРАЌААТ ВО ШТИП И ВО СКОПЈЕ Роднините ги чекаат пред болниците

Десетици роднини на повредените се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат повредени, а предмалку во правец на болницата се упати хеликоптер. Голем број роднини чекаат и пред Болницата во Кочани.

612

Повредените од несреќата во Кочани се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники, откако првично биле пренесени во кочанската општа болница.

Десетици роднини на повредените се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат повредени, а предмалку во правец на болницата се упати хеликоптер.






МИА јавува дека пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст во Кочани прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.

Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни.

Според првичните информации во трагедијата во Кочани загинаа најмалку 50 лица.

 

Поврзани содржини