ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА Полицискиот билтен не открива како се повредиле

43

Двајца работници на Комунална хигиена Скопје биле повредени додека извршувале работни задачи, во два одвоени инцидента.

На 05.09.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Ф.Ф.(44) од Скопје. Тој со повредите се здобил во централното подрачје на Скопје, додека извршувал работни задачи во Јавно претпријатие „Комунална хигиена”- Скопје.






На 06.09.2026 во 00:09 часот во СВР Скопје, Б.А.(58) од Скопје, вработен како возач на камион во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје пријавил дека на 05.09.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, додека извршувал работни задачи, се здобил со повреди, по што се упатил во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Поврзани содржини