Повредени 20 лица во железничка несреќа во Чешка
Четири лица се сериозно повредени и тие се пренесени со хеликоптер во болниците во Пилсен и Прага, изјави портпарол, додавајќи дека другите повредени се пренесени во болниците во регионот.
Дваесет лица се повредени денеска кога воз се судри со мерно возило, изјави портпаролот на чешката службата за спасување.
Четири лица се сериозно повредени и тие се пренесени со хеликоптер во болниците во Пилсен и Прага, изјави портпарол, додавајќи дека другите повредени се пренесени во болниците во регионот.
Судирот се случил во Кдин во западниот округ Домазлица, недалеку од германската граница. Според првичните податоци на операторот на железничката мрежа се чини дека возачот на возилото занемарил знак за запирање.
Мерните возила се користат за откривање на оштетувања на колосекот.