ПОВРЕДЕН Е ВОЗАЧ ВО НЕСРЕЌАТА КАЈ ПРИЛЕП-ГРАДСКО Удрил во метална ограда и во сообраќајни знаци
Во дополнение со детали за сообраќајната несреќа која неколку часа го затвори патот на 20 мај, велешката полиција соопшти дека се работи за возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од скопјанецот Д.М.
Со телесни повреди се здобил 41-годишен возач на камион кој удрил во метална еластична ограда и во сообраќајни знаци на новиот експресен пат Прилеп-Градско, информира Министерството за внатрешни работи.
Во дополнение со детали за сообраќајната несреќа која неколку часа го затвори патот на 20 мај, велешката полиција соопшти дека се работи за возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од скопјанецот Д.М. Повредите му ги констатирале во општата болница во Велес.
За случајот била пријавено кон 19 и 50 часот.
Полицијата потсетува дека синоќа од 20:10 часот до 01: 20 часот утринава, 21 мај, поради прекинот на патот возилата беа пренасочувани по регионалниот пат Градско-Росоман.