🎥📷 ПОВРЕДАТА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ ЛЕПА БРЕНА Пејачката ќе одржи концерт во Белград за Нова година

Пејачката Лепа Брена најави нов концерт, на нејзиниот профил на Инстаграм, и покрај неодамнешната повреда на глуждот и операцијата на Клиниката за трауматологија во Загреб.

288

Пејачката Лепа Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар.

„Се гледаме, вашата Брена ве сака!“, напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, „The Show Must Go On“.






фото: lepabrenaa – Instagram profile

За потсетување, пејачката во средата беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија каде што заврши на операција по концертот. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.

„За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на концертот, на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад, ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубовта на сите вас во Арената, продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но во моментов ми требаат малку време за да закрепнам, како и вашата љубов, поддршка и трпение во овој период. Ви благодарам од сѐ срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Несреќата се случи кога член на техничката екипа случајно падна од бината во спуштен лифт и се здоби со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекаше своето појавување пред публиката и така беше повредена. И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно и до крај го изведе многу напорниот концерт, обземена од еуфоријата на публиката и од желбата да не ги разочара своите обожаватели. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеност на музиката и за љубовта кон нејзините обожаватели, објави Екстра ФМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Поврзани содржини