Повредата го спречи Ивановски да го помине осминафиналето на Вимблдон

17 годишниот Калин Ивановски успешно дојде до осминафиналето, направи добар прогрес, но во оваа фаза од турнирот беше запрен од Британецот, пред се поради тоа што младиот тенисер заработи повреда.

293

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, денеска го заврши својот настап на јуниорскиот турнир на Вимблдон, откако денеска беше елиминиран од британскиот тенисер Џек Пинингтон Џонс.

17 годишниот Калин Ивановски успешно дојде до осминафиналето, направи добар прогрес, но во оваа фаза од турнирот беше запрен од Британецот, пред се поради тоа што младиот тенисер заработи повреда.






Ивановски побара медицински тајм-аут во вториот сет, во кој што почувствува болки во мускулот, доби третман, но не се опорави, бидејки евидентен беше неговиот грч во играта.

Иако Ивановски водеше во првиот сет со 2:1, на крајот го загуби со 7:5, а потоа се отиде надолу за младиот тенисер.

Вториот сет буквално беше формалност, бидејки Ивановски како голем спортист, не сакаше да го предаде мечот и го доигра до крај. Но дефинитивно, ова име во тенисот може да се издигне и во следните години Македонија може да има еден одличен и перспективен тенисер на големите турнири.

Поврзани содржини