Во оптек е пуштена нова монета од две евра, објавија француските власти на страницата посветена на претседавање со Унијата.
Монетата се појави по повод 20-годишнината од еврото и почетокот на француското претседателство со Советот на Европската унија, пуштена е во оптек нова монета од две евра, објавија француските власти на страницата посветена на претседавање со Унијата.
Новите 30 милиони монети од две евра беа пуштени во оптек на 1 јануари.
Монетата ја красат даб и маслиново дрво, што претставуваат сила, мудрост и природа, се наведува во соопштението и се додава дека двете стебла се врамени со шестоаголник, симбол на Франција и опкружени со 12 ѕвезди од европското знаме.