„ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ САНКЦИИТЕ, Е*АНИ ГОМНА!“ Еве што точно пишуваше во заканувачките пораки за бомби

Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе, се вели во заканувачкиот мејл.

5,678

„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја“. Вака гласи првата реченица во заканувачките пораки што денеска пристигнаа во повеќе институции и во кои се вели дека во објектите се поставени експлозиви.

Над 20 дојави за поставени бомби пристигнаа на разни мејл адреси, овојпат во Скопје и во Битола. За првпат беше таргериран Меѓународниот аеродром Скопје, а истата заканувачка порака беше испратена во истиот мејл и до ФФМ, до фудбалските клубови Вардар и Работнички, на два мејла во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на два во хотелот Александар Палас и на еден мејл во Мериот како и во Галијата на кејот 13 ноември и повторно трговскиот Ист Гејт Мол.






„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политички партии за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународен аеродром Скопје, 2 бомби во Арена Борис Трајковски, 3 бомби во Националната Арена Тоше Проески, 1 бомба во зградата на Фудбалска Федерација на Македонија, 1 бомба во Трговскиот шопинг центар East Gate Mall, 2 бомби во Мерриотт Хотел Скопје, 1 бомба во Хотел Сенигаллиа Скопје“, наведено е во заканувачкиот мејл.

Таму е наведено и дека бомбите се активираат со „сеизматичен покрет“.

„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“, се вели во мејлот.

Поврзани содржини