ПОВЛЕЧЕН ЗАКОНОТ ЗА МАРИХУАНА Европското знаменце не помогна да се донесе
Опзициската ВМРО-ДПМНЕ информира дека е прифатен нивниот предлог законот да оди во редовна постапка.
Предлог – законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, денеска е повлечен, информира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Овој закон владата го испрати во Собранието со европско знаменце, на што се противеше опозицијата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека е прифатен нивниот предлог законот да оди во редовна постапка.
„Денеска победи разумот и грижата за граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти бизнис интересите на фамилијата Заеви. Благодарение на заложбите и упорноста на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“, денес владината коалиција и владејачкото мнозинство, по претходна иницијатива и барање на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, го повлекоа Предлог – законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, во јавноста попознат како Закон за марихуана. Во моменти кога ситуацијата во земјата е катастрофална во сите сфери од секојдневното живеење, власта предводена од Зоран Заев и СДСМ без ни малку срам, по којзнае кој пат се обиде да го протне Законот за марихуана во Собранието на Република Македонија, злоупотребувајќи го европското знаменце со цел одбегнување на дебата и аргументирана дискусија од страна на опозицијата“, се вели во соопштението .
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека за состојбата ја информирале делегацијата на Европската унија и укажале дека владата имала намера на шверцерски и недемократски начин да си носи закони кои единствено се во интерес на бизнисите на врхушката на власт.