ПОВЛАСТЕНО ДДВ ЗА ХРАНАТА И ЗА ГОРИВАТА Оставете го инаетот на страна
Ние имаме работа со Влада која што не само што нема визија туку не знае ниту политика. Тоа е најголемиот проблем, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предлага законски измени за повластена стапка на ДДВ-то за горивата и за храната, но како што вели, Владата се инаети и не ги прифаќа бидејќи истиот е предложен од неговата партија.
– Имаме ценовен шок, растат цените на горивата , ние предлагаме, но за жал повторно од владата тоа е одбиено да се продолжи мерката која што претходно ја предложивме да ја имаме повластена стапка на ДДВ из а горивата и за прехранбените производи и за производите кои што важеше до сега. Но, биејќи тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага, а на владата не и текна, еве ќе видите дека тие ќе се инаетат и ќе речат нема тоа да го прифатиме, зошто? Затоа што ВМРОД-ПМНЕ тоа го предлага, и само поради тоа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки, ќе имаат понизок стандард и помалку пари – вели Мицкоски.
Мицкоски побара од Владата да го остави инаетот на страна и да не покажуваат сила и мускули бидејќи така само граѓаните губат.
– Ние имаме работа со Влада која што не само што нема визија туку не знае ниту политика. Тоа е најголемиот проблем, они мислат дека ако се инаетат така ќе покажат мускули и сила. Но така губат граѓаните, смета тој. Нека го поддржи владата овој закон за повластена стапка на артиклите, на горивата, еве нека биде владата предлагач, не мора ВМРО-ДПМНЕ, апелирам овде од Битола, ама доста се инаетете, со инает ништо не се постигнува бидејќи граѓаните губат – порача Мицкоски.