ПОВИСОК ИЗНОС НА БОДОТ, ЕДНОКРАТНА ИСПЛАТА НА К-15 И НИКЕЛ БОНУС Работниците на „Фени“ најавуваат порадикални протести од понеделник

Барањата се доставени до генералниот директор на „Еуроникел индустри”, Димитриос Пахос.

256

Зголемување на врдноста на бодот  по кој се пресметуваат платите за 8 денари,, минималната сума на „никел бонусот“ за биде за производство од 1.300 тони никел,  како и исплата на заостанатата рата од ланскиот регрес за годишен одмор и еднократна исплата на годинашниот регрес во износ од 30.000 денари,  се главните барања на врабоените во „Фени“ кои протестираат по еден час дневно пред кавадаречкиот комбинат.

Барањата се доставени до генералниот директор на „Еуроникел индустри”, Димитриос Пахос.






Претседателот на синдикалната организација на комбинатот Миле Ѓорѓиев  кој денека ги соопшти барањата рече дека ако не добијат одговор од раководството на комбинатот или покана за средба, дека е можно радикализирање на протестите од понеделник.

Во „Фени“ работат 820 работници, а соработува со околу 400 кооперанти.

Поврзани содржини