ПОВИКУВАЛ НА НАСИЛСТВО ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА Сега ќе биде кривично гонет
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Е.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Како што соопшти полицијата, тој на 16.03.2025 на социјалната мрежа со лажно име на профил, објавил текст со кој повикувал на насилство.