Повикале Итна помош, па ги навредувале оти им било побарано да стават маски

557

Во СВР Скопје синоќа во 23.45 часот било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.„Стокхолмска“. Итната помош била повикана бидејќи на скопјанка и се влошила здравствената состојба, но екипата била нападната кога побарала од семејството да стават маски.

– Тие добиле повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица. Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – велат од МВР.

Поврзани содржини