ПОВИК ЗА ЕВАКУАЦИЈА Повторно се разгоре пожарот кај Атина

Утрово беа активни неколку жаришта, меѓутоа ситуацијата беше под контрола, сè до попладнево кога одново се разгореа и пожарот повторно зазема големи размери. 

202

До жителите на четири села во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево беше испратена порака превентивно да се евакуираат, откако повторно се разгоре пожарот што избувна во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово беа активни неколку жаришта, меѓутоа ситуацијата беше под контрола, сè до попладнево кога одново се разгореа и пожарот повторно зазема големи размери.






Огнените јазици стигнале и до неколку домови. Пожарот се гасне како од копно, така и од воздух со авиони и хеликоптери.

Пожарникарите неколку дена се борат со пожарите во Грција на три главни фронта, во областа Атика во близина на Атина,  во Лутраки и на Родос.

Поврзани содржини