ПОВИК ОД ЈСП ДО СТУДЕНТИТЕ Продолжете го својот годишен билет пред да биде доцна

ЈСП Скопје потсетува дека студентите треба да го продолжат или заверат годишниот билет за бесплатен јавен превоз за 2026 година и објаснува кои документи се потребни.

107

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје потсетува дека студентите кои користат годишен билет за бесплатен јавен превоз треба да го заверат или продолжат својот билет за 2026 година.

Продолжувањето започна од денес, 25 декември, и може да се изврши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје. За тоа е потребно студентот лично да се појави и да ги достави следните документи: потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.






Студентите-бруцоши од учебната 2025/2026 година не мора да прават дополнителни постапки, нивниот билет автоматски важи и за наредната календарска година.

ЈСП Скопје апелира до студентите навреме да го заверат својот билет за да го користат јавниот превоз без прекини и непотребни проблеми.

Поврзани содржини