ПОВЕРОЈАТНО Е ДЕКА БИ ЗАПОЧНАЛ НУКЛЕАРНА ВОЈНА „Новинарката на Путин“ ги коментира шансите лидерот да се предаде
Или ќе загубиме во Украина, или ќе започне Третата светска војна. Мислам дека Третата светска војна е пореална, познавајќи се себеси, познавајќи го нашиот водач. Најневеројатниот исход, дека сето ова ќе заврши со нуклеарен удар, ми изгледа поверојатен од другиот тек на настаните, изјавила Симонјан.
Маргарита Симонјан, уредничка на државната телевизија „Русија Денес“, а која некои ја викаат „новинарката на Путин“ во емисија рече дека рускиот лидер поверојатно би започнал нуклеарна војна, отколку да не успее неговата „воена операција“ во Украина, пишува Индепендент.
– Или ќе загубиме во Украина, или ќе започне Третата светска војна. Мислам дека Третата светска војна е пореална, познавајќи се себеси, познавајќи го нашиот водач – изјавила Симонјан и додала:
– Најневеројатниот исход, дека сето ова ќе заврши со нуклеарен удар, ми изгледа поверојатен од другиот тек на настаните.
Коментарот за нуклеарна војна на г-ѓа Симонјан доаѓа по неодамнешните изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека заканата од нуклеарен конфликт не смее да се потцени и дека суштината на секој договор за ставање крај на конфликтот во Украина во голема мера ќе зависи од воената ситуација на теренот.
– Ова е нашата клучна позиција на која темелиме сè. Ризиците сега се значителни – рече Лавров на државната телевизија во вторникот.
Владимир Путин го предупреди западот на опасноста од мешање во неговата „специјална воена операција“.
– Не би сакал вештачки да ги зголемувам тие ризици. Многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна, реална. И не смееме да ја потцениме-рече тој, мислејќи на ризикот од нуклеарна војна.
Путин, кој неодамна ги предупреди западните нации да не се мешаат во војната, се повика на новата руска интерконтинентална ракета, „Сатан II“.
– Ги имаме сите алатки за ова, оние со кои никој не може да се пофали. И нема да се фалиме. Ќе ги користиме доколку е потребно. И сакам сите да го знаат ова. Веќе ги донесовме сите одлуки за ова – изјави рускиот лидер.
Русите минатата недела објавија дека до есен ќе ја распоредат ракетата „Сатан II“, која е позната и како „Сармат“.