Поведена истрага за дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје

658

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини