ПОВЕЌЕТО ДОБИЛЕ МЕНИНГИТИС 39 пациенти во Србија заболеле од западнонилска треска

437

Во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска, соопшти Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Од Институтот додаваат дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста, менингитис или енцефалитис и се лекуваат во болница.






Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на пациентите е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.

Поврзани содржини