ПОВЕЌЕ СТРУЈА ЗА ПОМАЛКУ ПАРИ! Нова летна промоција од снабдувачот ЕДС

Тарифниот модел „Без обврски“ нуди флексибилност и е идеален за динамичните бизниси по единствена фиксна цена. Клиентите добиваат слобода да го продолжуваат договорот од месец во месец и да го раскинат со 15-дневно известување, со целосна транспарентност и без скриени трошоци.

82

ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија во земјата и дел од регионалната енергетска групација PPC, ја најавува својата нова летна промоција наменета за малите и за средните претпријатија, со два тарифни модела што одговараат на различните потреби на деловниот сектор.

Со цел подобро прилагодување на различните деловни модели, ЕДС лансира два нови тарифни модели, креирани за да понудат или максимална флексибилност, или долгорочна финансиска сигурност – според тоа што најмногу одговара на потребите на клиентот.






Тарифниот модел „Без обврски“ нуди флексибилност и е идеален за динамичните бизниси по единствена фиксна цена. Клиентите добиваат слобода да го продолжуваат договорот од месец во месец и да го раскинат со 15-дневно известување, со целосна транспарентност и без скриени трошоци. Другиот тарифен модел во понудата е најдоброто решение за компании што сакаат сигурност и долгорочно планирање на трошоците. Со договор на 12 месеци, бизнисите добиваат стабилна цена, предвидливост и заштита од пазарни флуктуации – важен чекор кон подобро буџетирање и зголемена ефикасност.

Во време кога секоја деловна одлука мора да биде стратешка, изборот на снабдувач со електрична енергија не треба да биде исклучок. Со новата летна понуда, ЕДС не само што нуди поволни тарифни модели, туку и целосна поддршка во градењето енергетска стратегија прилагодена на реалните потреби на клиентите.

Поврзани содржини