ПОВЕЌЕ СОНЦЕ, ПОМАЛКУ ОБЛАЦИ Следува стабилно време, идеално за прошетки

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала облачност. Утринската температура ќе изнесува 16 степени, а дневната се очекува да се искачи до 35 степени.

81

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






Фото: УХМР

 

Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се спушти до 8 степени. Најтопол ден се очекува во  Гевгелија, со максимална температура до 36 степени Целзиусои.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала облачност. Утринската температура ќе изнесува 16 степени, а дневната се очекува да се искачи до 35 степени.

Од УХМР најавуват дека следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Од понеделник ветерот ќе ја смени насоката и ќе дува од југ.

Фото: УХМР
Поврзани содржини