ПОВЕЌЕ СОНЦЕ, ПОМАЛКУ ОБЛАЦИ Од среда времето ќе се стабилизира

Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

127

Денеска нè очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.






Во вторник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

 

Поврзани содржини