ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ БЕЗ СТРУЈА Планирани се технички зафати

Без струја во текот на денот ќе останат корисници на делови од општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Илинден, селата Бањане, Горњане, Сандево, Марино.

188

Без струја денеска од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.






Во периодот од 9:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот денеска ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црквата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја денеска од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

 

Поврзани содржини