ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ Ќе се зголеми стапката на дотација од ДДВ
Владата го утврди текстот на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.