Повеќе од половина од анкетираните директори, наставници и родители се „ЗА“ отворање на училиштата

Во однос на петициите од родители на социјалните мрежи против отворање на училиштата, но и против онлајн-настава, тој одговори дека каква опција и да се понуди или да се преземе некое решение, секогаш ќе се најдат луѓе кои ќе даваат отпор или ќе најдат причина за да ги оспорат.

839

Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија – изјави министерот за образобание и наука Арбер Адеми.

На видеосредба со медиумите на која беа презентирани резултати од истражување за искуствата од онлајн-наставата во минатата учебна година, Адеми кажа дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите. Зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со кои во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и овие денови се очекува нивното финализирање.






– Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада  да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред на -, рече Адеми.

Во однос на петициите од родители на социјалните мрежи против отворање на училиштата, но и против онлајн-настава, тој одговори дека каква опција и да се понуди или да се преземе некое решение, секогаш ќе се најдат луѓе кои ќе даваат отпор или ќе најдат причина за да ги оспорат. Тој додаде дека затоа сите одлуки ги носат преку пристап на вклучување на сите засегнати страни и преку истражување и анализа. Притоа  нагласи дека конвенционалната настава во училница е незаменлива и дека и во најразвиени земји кои имаат беспрекорни технички услови за е-настава таа не се организира во целост.

– Доколку отворањето на училиштата не ни е приоритет, ќе забележиме назадување во образовните придобивки стекнати во последните години. Најдобрите интереси на децата мора да бидат централни при носењето одлуки за тоа кога и како училиштата повторно ќе се отворат, истакна Ди Џовани, нагласувајќи дека мора да се дејствува сега за децата да не станат, како што рече, „скриените жртви на оваа пандемија“.

На презентацијата беше посочено дека резултатите од ова истражување даваат дополнителен увид за да се поддржи Владата во планирање и донесување одлука за модалитетите и протоколите за повторно отворање на училиштата.

Поврзани содржини