ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ТУРИСТИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ Турците се најбројни
Во овој период биле бројни и туристите од Србија (8.897), Германија (8.011) и Холандија (3.604).
Во првата половина од годината земјава ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13,% повеќе од истиот период лани, обајви Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – јуни регистрирани се 125.306 домашни туристи, што е за 2,5 % помалку од истиот период лани, додека странските доаѓања се зголемиле за дури 19,7 % или вкупно 395.555 туристи.
Туристите во овој период направиле 980.246 ноќевања, што претставува раст на годишно ниво од 8,5 %.
Кај домашните туристи има намалување за 1,1%, а кај странските има зголемување за 13,3 %.
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20,1 % се домашни туристи, а 79,9% се странски туристи.
Позитивни бројки се забележани и кај ноќевањата. Во јуни се забележани 243.157, од кои 26,7 % се на домашните туристи, а 73,3 % на странските туристи.
Според податоците, во јуни најбројни биле туристите од Турција (34.366), а ги следат Србите (8.897), Германците (8.011) и Холанѓаните (3.604).