Повеќе од милион лица се вакцинирани во Шкотска

Обраќајќи се брифинг, Старџен рече дека до 08.30 часот утрово, 1.048.747 лица во Шкотска ја примиле првата доза на вакцината против ковид-19, јави Би-Би-Си.

213

Повеќе од милион луѓе ја примија првата доза на вакцината против коронавирус во Шкотска, информира денеска шкотската премиерка Никола Старџен.

Обраќајќи се брифинг, Старџен рече дека до 08.30 часот утрово, 1.048.747 лица во Шкотска ја примиле првата доза на вакцината против ковид-19, јави Би-Би-Си.






Тоа е зголемување за 63.178 од вчера, што е рекорден број вакцинирани за еден ден.

Како што истакна Старџен, сега повеќе од 23 отсто од населението во Шкотска е вакцинирано.

Шкотската прва министерка додаде дека е херојско достигнување фактот што повеќе од милион луѓе ја примиле првата доза на вакцината до овој момент.

Поврзани содржини