ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ МИНИМАЛНИ ПЛАТИ ВО МАЈ ОДЕЛЕ ЗА ОСНОВНИТЕ ПОТРЕБИ Синдикалната минимална кошничка изнесува 49.024 денари

Близу половина од износот или 19.532,54 денари одел за исхрана и пијалаци.

53

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532 денари или 44,34% биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41% за домување, 3.196  денари за хигиена, 3.720 за превоз, 2.315 за облека и обувки, 1.067 за култура и 821 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047 денари.






– Кога на нив ќе се додадат 4.977 денари или 11,3% за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024 денари – прецизираат од ССМ.

Оттаму додаваат дека официјално просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.

Миннималната плата  изесува 20.175 денари.

Поврзани содржини