Повеќе од 90.000 лица ја загубија битката со ковид-19 во Италија
Во последните 24 часа 421 пациент починал од инфекцијата, а бројот на новозаразени е 13.659, соопшти Министерството за здравство.
Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Италија надмина 90.000, јавија италијанските медиуми.
Во последните 24 часа 421 пациент починал од инфекцијата, а бројот на новозаразени е 13.659, соопшти Министерството за здравство.
Во северната автономна провинција Алто Адиге епидемиолошката состојба е влошена, а регистриран е и првиот случај на англиската мутација на коронавирусот, па локалните власти одлучија да воведат тринеделен строг карантин во регионот.
Во моментов, во Италија има 430.000 заразени со ковид-19, а од почетокот на пандемијата, речиси 2.600.000 луѓе биле заразени со коронавирусот.
За цело време, регионот на Ломбардија, кој беше епицентар на инфекцијата во првиот бран, е на прво место според бројот на новоинфицирани, и не паѓа под илјада нови случаи дневно.