ПОВЕЌЕ ОД 9.000 ЛУЃЕ УМРЕЛЕ ЗАШТО НЕМАЛЕ СООДВЕТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Болниците во Појасот Газа се затвораат, бројките ќе растат

23 болници се нефункционални поради израелското бомбардирање, а здравствениот сектор влезе во последната фаза на целосен колапс – рече преставник на палестинската управа.

287

Повеќе од 9.000 луѓе починаа во Појасот Газа поради тоа што не можеле да имаат соодветен медициснки третман, информира денеска генералниот директор на прес-службата на Владата, Исмаил ал Тавабта.

Оваа бројка, според него, најверојатно ќе се зголеми „бидејќи здравствените установи во Појасот се затвораат“.






Во Појасот Газа, како што соопшти палестински функционер, 23 болници се нефункционални поради израелското бомбардирање, а здравствениот сектор влезе во последната фаза на целосен колапс.

Медицинската помош што пристигнува покрива само два отсто од потребите на здравствениот сектор и потребна е помош од гориво, нагласи претставникот на палестинската управа.

 

Поврзани содржини