ПОВЕЌЕ ОД 700.000 ВОЈНИЦИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ НА УКРАИНСКИОТ ФРОНТ Путин тврди дека Русија стекнува предност во некои сектори

Откако започна голема офанзива против Украина пред повеќе од три и пол години, Москва мобилизираше огромни човечки и материјални ресурси, а воедно претрпе и големи воени загуби, според проценките на независните медиуми.

213

Повеќе од 700.000 руски војници се распоредени на „линијата на контакт“ во Украина, каде Москва со месеци спроведува офанзивни акции и стекнува предност во некои сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со парламентарните претставници.

Откако започна голема офанзива против Украина пред повеќе од три и пол години, Москва мобилизираше огромни човечки и материјални ресурси, а воедно претрпе и големи воени загуби, според проценките на независните медиуми.






Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги посети своите војници во источниот Доњецки регион, центарот на борбите против руските сили.

Поврзани содржини