ПОВЕЌЕ ОД 70% ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ СЕ ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Се зголемува и употребата на платежни картички

Бројот на плаќањата со картички во првиот квартал од годинава е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%.

82

И во првите 3 месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози, покажуваат податоците на Народна банка (НБ).

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%.






– Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност- велат од  НБ.

Најголемиот дел од електронските трансакции (повеќе од 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%.

– Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%) – велат од НБ.

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање

Поврзани содржини